Со спот ќе се продаваат нови локации за хотели

Bez autora
Jun 07 2010

Локациите кои се нудат за изградба на нови хотели во Охрид ќе се продаваат преку видеоспот. Продажбата ќе ја врши Министерството за транспорт и врски, а се очекува во Охрид да пристигне екипата која треба да го поготви видеоматеријалот што треба да се нуди во земјава и во странство. Спотот ќе ја содржи локацијата кај Горица, едно од најатрактивните места за изградба на хотел. Досега оваа локација неколкупати се продаваше, но неуспешно. Исто така, на спотот ќе биде претставен просторот кај каналот Билјанини Извори, во непосредна близина на мостот. Во промотивниот видеоматеријал ќе се најде и локацијата во близина на некогашната Детска болница во Свети Стефан, како и локацијата кај Андон Дуков" на излезот од Охрид кон Струга. Сите овие локации се наоѓаат во близина на брегот и имаат убав поглед на Езерото. И додека се чека некој светски познат бренд од хотелиерството да дојде во Охрид, најатрактивниот дел од охридското крајбрежје, потегот од мостот на Билјанини, па се до Свети Стефан, го меркаат познати охридски бизнисмени за изградба на така наречени објекти за привремено сместување.

Со спот ќе се продаваат нови локации за хотелиЛокациите кои се нудат за изградба на нови хотели во Охрид ќе се продаваат преку видеоспот.

Продажбата ќе ја врши Министерството за транспорт и врски, а се очекува во Охрид да пристигне екипата која треба да го поготви видеоматеријалот што треба да се нуди во земјава и во странство.

Спотот ќе ја содржи локацијата кај Горица, едно од најатрактивните места за изградба на хотел. Досега оваа локација неколкупати се продаваше, но неуспешно. Исто така, на спотот ќе биде претставен просторот кај каналот Билјанини Извори, во непосредна близина на мостот. Во промотивниот видеоматеријал ќе се најде и локацијата во близина на некогашната Детска болница во Свети Стефан, како и локацијата кај Андон Дуков" на излезот од Охрид кон Струга.

Сите овие локации се наоѓаат во близина на брегот и имаат убав поглед на Езерото.

И додека се чека некој светски познат бренд од хотелиерството да дојде во Охрид, најатрактивниот дел од охридското крајбрежје, потегот од мостот на Билјанини, па се до Свети Стефан, го меркаат познати охридски бизнисмени за изградба на така наречени објекти за привремено сместување. Од локалната самоуправа велат дека не треба да има стравување дека овој простор ќе биде девастиран од згради со многу спратови и станови. Според нив урбанистичкиот план тука предвидува изградба на хотели и на објекти за птивремено сместување поточно апартмани.

- Изградбата ќе се одвива на приватно земјиште, бидејќи на државното локалната власт нема никакви ингеренции.

Со овој план се дефинирани објектите кои можат тука да се градат, а се водеше сметка и за еколошкиот аспект, близината на езерото, велат од Општината.

Според првиот човек на секторот за урбанизам при локалната самоуправа на Охрид, Бранко Арнаудов урбанизацијата е неминовен процес и градот треба да се шири.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik